Зиков: Интерпелациите на опозицијата беа неподготвени

Она што може да се исчита од овие предлози за интерпелација на неколку министри е фактот дека се тоа неподготвени интерпелации. Очекувам да има интерпелации и за други министри, тоа е ПР-от на опозицијата, изјави политичкиот аналитичар Љупчо Зиков во вечерашното гостување во „Том тема“ на ТВ 24вести.
Во однос на напуштањето на Собранието од страна на опозицијата за време на интерпелацијата, Зиков тврди дека тоа е од причина што самата интерпелација била неподготвена.

-Интерпелацијата на министерот Оливер Спасовски беше неподготвена доволно. Производ на тоа е што опозицијата ја напушти седницата. Доколку седеше опозицијата, ќе требаше да напаѓа, но ќе се соочеше со клучни прашања од периодот што помина како апсењето на Сашо Мијалков. Опозицијата ќе се доведеше во позиција да го брани, а го најдоа алибито кај Талат Џафери. Сите велеа дека Сашо Мијалков работи со Зоран Заев, но сепак не излезе така, процесите продолжија. Доколку излезеше како што велеше опозицијата, Заев ќе требаше да го спасува Мијалков, рече Зиков.

Тој додава дека за разлика од порано додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, охрабрени се институцииите на покренуваат правни постапки против било кој во државата.
Според него, во времето на Груевски, аферите се криеја под тепих.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e