22-годишна трудница меѓу починатите од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2758 тестирања, а регистрирани се 929 нови случаи на заразени со коронавирусот. Починати се 28 лица од Ковид-19, а регистрирани се 1068 оздравени пациенти.

Од новозаразените, од Скопје се 417, Куманово-40, Штип-20, Прилеп-47, Тетово-46, Струга-31, Велес-39, Битола-46, Охрид-33, Кавадарци-23, Гостивар-37, Гевгелија-11, Струмица-32, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-22, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-3, Виница-4, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-22, Ресен-5, Неготино-10.

Институтот за јавно здравје регистрира 1068 оздравени пациенти и тоа од Скопје-255, Куманово-51, Дебар-3, Штип-40, Прилеп-81, Тетово-74, Струга-23, Велес-64, Битола-33, Охрид-31, Кавадарци-40, Гостивар-67, Гевгелија-22, Струмица-68, Крива Паланка-11, Радовиш-8, Кочани-27, Пробиштип-6, Демир Хисар-3, Македонски Брод-7, Берово-15, Валандово-6, Виница-9, Делчево-31, Кратово-10, Свети Николе-19, Кичево-42, Ресен-9 и Неготино-13.

Починатите пациенти се петмина од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г). Од нив, двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Меѓу починатите од Ковид-19 е и 22-годишна бремена жена.

Според Министрерството за здравство, жената со комлицирана бременост била примена в болница во многу тешка состојба и цело време била на респиратор во текот на скоро двонеделна хоспитализација, пренесе СДК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e