21 прекршок на забраната за движење, 611 санкции за неносење маска

МВР соопшти дека од 22.00 синоќа до 5.00 часот утрово 21 лице не ја почитувало забраната за движење.

Во текот на изминатото деноноќие, пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 611 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид-19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e