1ТВ: Полицаецот најден со прострелна рана во главата се самоубил

45-годишен полициски службеник е пронајден мртов вчера во Прилеп. Тој бил пронајден во возило со прострелна рана во главата и службениот пиштол во раката.

Јавен обвинител врши извршил увид и наредил обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Извори на 1ТВ брифираат дека се работи за самоубиство. Службеникот бил вработен во единицата „Лавови“  и како што дознаваме учествувал во конфликтот во 2001 година.

Нашите извори велат дека полицискиот службеник бил на боледување последниве неколку месеци бидејќи имал нарушена психофизичка здравствена состојба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e