Собранието обезбедило двотретинско мнозинство за гласање на измените на уставните амандмани, пренесе 1ТВ повикувајќи се на собраниски извори.
Два часа како доцни собраниската седница а медиумите веќе пренесуваат дека денеска ќе се гласа за уставните измени
Изворите на 1ТВ велат и дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат оставка од лидерот Христијан Мицкоски.
Владејачкото мнозинство успеало да обезбеди доволна поддршка, откако по вчерашната собраниска расправа се чинеше дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на својат став. Инаку пратениците од владеачката коалиција се откажаа од дискусијата.
