Во Кривичниот суд во Скопје штотуку беше објавена пресудата за 17-те преостанати, од првично 33 обвинети за насилствата во Собранието на 27 април 2017 година, познат во јавноста како „27 април“. Меѓу обвинетите е Митко Чавков кој е осуден на 18 години затвор.
Игор Дурловски е ослободен од затворска казна.
Случајот го води судијката Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
