17 години од масакарот кај Вејце

Денеска се навршуваат 17 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.

Делегации се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола, споменикот Ангел кај градскиот часовник, како и на нивните вечни почивалишта во с. Породин, Долно Оризари, на старите гробишта во Битола, и пред споменикот во с.Ивањевци.

Во масакрот кај Вејце, загинаа и бранителите Роберт Петковски од Бунарџик, Скопје, Бобан Трајковски од Куманово, Игор Костески од Скопје, Миле Јаневски од Македонска Каменица.

Масакрот се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот, кога припадници на т.н. ОНА извршија напад врз патролата на безбедносните сили.

Извор: Тера

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e