16 осудени за „27 април“ однесени во Шутка

На 16 од вкупно 17 обвинети за нападите на Собранието на 27 април 2017 година  им е одредена мерка притвор.

Сите 16 беа осудени на затворски казни од 7 до 18 години. Игор Дурловски беше ослободен од обвинението.

Обвинителката од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева изјави дека со ваквата одлука на судот правдата е задоволена.

По одлуката, судијата Добрила Кацарска веднаш им ги издаде решенијата за притвор на 16 осудени по што следеа реакции од нивните бранители.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e