На вчерашната седница влaдата ја усвои одлуката за давање на трајно користење на 8 инкубатори за интензивна нега на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, како и одлука за давање на трајно користење на уште 6 инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за детски болести од Скопје.
На предлог на Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија , владата донесе одлука за давање на трајно користење на уште 16 инкубатори на Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, како и 10 инкубатори на клиничките и општите болници во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и Струмица, како и на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир, во Скопје.