12-годишен велосипедист удрен од „Ауди“

Вчера околу 16 часот на улицата „Радован Цониќ” во Тетово се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „Ауди А 4″ со тетовски регистерски таблици, управувано од 44-годишниот тетовец М.И. и велосипед „Макс”, што го управувало 12-годишно лице, исто така, од Тетово, соопшти портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Повредениот велосипедист е пренесен во тетовската клиничка болница за укажување лекарска помош. Извршен е увид и се утврдува причината за несреќата и околностите како таа се случила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e