117,5 милиони денари за програмата за капитални инвестиции во културата во општините

Владата на РСМ денеска ја усвои програмата реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за капитални инвестиции во единиците на локалната самоуправа.

Програмата е со буџет од 117,5 милиони денари, и, меѓу другото, ќе бидат алоцирани во проектите како што се Реконструкција со доградба и надградба на конгресен центар Универзална сала – Скопје, Изградба на Спомен обележјето на Тоше Проески, изградба на Дом на култура во Општина Боговиње, реконструкција и адаптација на културен „Шота“ с. Неготино, Општина Врапчиште, за Ентериерно уредување на објект „Кино Манаки“ – Битола, и други капитални проекти во културата во единиците на локалната самоуправа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e