Фондот за иновации и технолошки развој досега има вложено околу 2,5 милиони евра во стотина стартап компании со што се поттикнуваат младите луѓе да се охрабрат своите идеи да ги претворат во успешни бизниси.
Стартапувај е еден од главните инструменти за поддршка на новоосновани компании кој ФИТР го спроведува со World Bank Republic of North Macedonia.
Само годинава се издвоени 1 милион Евра за „Стартапувај“. Поради големиот интерес и одличните проекти, вкупниот фонд е зголемен – информираат од ФИТР.
Други препознатливи програми на Фондот за поддршка на млади луѓе:
Фондот од неодамна се вклучи во програмата на Министерство за труд и социјална политика за самовработување. Оваа ИН Група од лицата кои поднеле апликации со иновативен потенцијал #ШансаЗаСите се реализира во соработка со Агенција за вработување на Република Северна Македонија, UNDP MK и Embassy of Switzerland in North Macedonia
Фонд за млади умови – Развиваме ницијатива за поддршка на талентирани деца со цел СистемскоРешение од страна на Влада на Република Северна Македонија затоа што ПоддржувамеТаленти.
Think outside the box – ФИТР активно работи на концептот за млади преку две иницијативи – Предизвик за млади и Upshift заедно со Министерство за образование и наука и UNICEF MK.
„ПетокЗаМлади @ФИТР“ – Иницијатива која го поттикнува критичкото и креативното размислување кај младите и претставува дополнителна можност да стекнат дополнителни знаења и да се поттикне претприемачкиот дух
Сакаме и работиме со цел младите луѓе да си ја најдат својата иднина дома и да спречиме #braindrain! – порачуваат од ФИТР.