Која е Нина Ангеловска – новата министерка за финансии?

Централниот одбор на владејачката СДСМ, на вчерашната седница ја утврди Нина Ангеловска за кандидат за нов министер за финансии. Заев уште денеска ќе го достави предлогот до Собранието кое најверојатно  ќе го прифати предлогот со кое Северна Македонија би добила нов министер за финансии.

Која е Нина Ангеловска – новата министерка за финансии?

Нина Ангеловска вчеравечер се огласи на ФБ по повод нејзиното предложување на функцијата од страна на премиерот Зоран Заев.

Нина е претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и извршен директор и ко-основач на Grouper.mk, кој е „Сајт на годината за 2018“.

Во 2011 година, на 21 годишна возраст Ангеловска победи на натпревар за најиновативен бизнис план и неколку месеци подоцна го лансираше Grouper, првиот сервис за групно купување во Македонија кога само 1% од македонците купувале онлајн.

Grouper денес има повеќе од 2500 соработници и над 170.000 регистрирани корисници.
Grouper e прв сајт во земјава од каде што граѓаните може да купуваат онлајн по примамливи цени.

Ангеловска се наоѓа на листата на 100 успешни жени основачи на стартапи во Европа, што ја состави еминентниот германски магазин The Hundert, a потоа беше ставена на Forbes листата на триесет најдобри и најветувачки претприемачи на ниво на Европа.

Нина е доктор на науки, говорник на многу настани, предавач, тренер и консултант во полето на маркетинг и е-трговија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e