Николовски: Работиме и дискутираме со граѓаните

Лето 2019, работиме и дискутираме со граѓаните за придобивките од:

зелената нафта за 55.000 земјоделци со поделени над 50.465 зелени картички досега,
укинувањето на квотите на лекови што започна од туристичките места и продолжува секаде,
повратот на МојДДВ со скенирани над 10 милиони фискални сметки досега од граѓаните и за вкупните ефекти од овој проект,
зголемениот поврат на ДДВ кон фирмите за 14.5 % или 30 милиони евра повеќе во споредба со истиот период минатата година,
градежната инфраструктурна офанзива на град Скопје и во сите општини,
намалениот ДДВ за топлинска енергија од 18 на 5 %,
намалување на цената на парното во Скопје за 6 %,
укинатот паушалот за 12.000 семејства исклучени од системот на централното парно греење кој им беше наметнат како редовна месечна сметка уште од 2011 год.,
укинувањето на налепниците при регистрација на возилата,
пораст на платите за 10.4 % за само 2 години,
зголемувањето на платите на вработените во градинките за над 3.000 денари,
зголемувањето на платите на вработените во секторот социјална заштита за 16 % или за над 4.100 денари и за новото покачување од дополнителни 5 % во септември,
зголемувањето на платите за 5 % во септември и за останатите вработени во образованието, здравството, културата, судството, полицијата, одбраната,
градењето на 43 нови градинки,
зголемената социјална помош за 300 %,
решавањето на долгогодишниот проблем на на вработените во Еврокомпозит со закон, моменталното градење на 4 експресни патишта и моментална реконструкција и рехабилитација на 388 км регионални и магистрални патишта,
подготовка за реконструкција и рехабилитација на нови 450 км регионални и магистрални патишта,
почетокот на реализацијата на 204 инфраструктурни проекти за рурален развој во сите општини наменети за улици, водоводи и канализации,
рекордната реализација на нови инвестиции во модернизација и опрема на постојните како и нови преработувачки капацитети преку #ИПАРД за што сме лидери во регионот,
одобрениот нов повик за #ИПАРД во септември каде имаме нови 15 милиони евра средства за бизниси и развој,
склучувањето на договори со сточарите за финансирање и набавка на приплоден добиток и тоа за 1496 говеда и 1453 овци,
можноста земјоделците наместо до 3 да можат да добијат од државата до 10 хектари земја како и многу други поволности со усвоениот Закон за земјоделско земјиште,
новата мерка преку која младите фармери се ослободени од плаќање на закупнина за земјиште во следните 3 години,
ново отворениот клинички центар во Куманово,
обезбедени финансии за изградба на нов Клинички Центар во Скопје,
новите поволности за пациентите, специјализантите и лекарите со усвоените измени на Законот за здравствена заштита.

Фејсбук статус на Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e