Злоупотребен профилот на кавадарчанка, некој лажно објавил дека двете ќерки и починале од Ковид-19

Болницата од Кавадарци ќе го пријави во полиција случајот со лажната вест дека починале две млади девојки од Ковид-19.

Ова за МИА го потврдија од Министерството за здравство. Попладнево беше злоупотребен интернет профилот на кавадарчанка, при што во нејзино име беше објавена лажна вест, дека и починале двете ќерки од коронавирусот. Беше
ставена дури и фотографија, а во лажниот пост стоеше дека никој не сакал да ги прими во болница.

Во моментов пријава за случајот во кавадаречката полиција поднесуваат и двајцата сопружници, чии ќерки беа прогласени за мртви на интернет, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e