ЗЈЗ: Водата во Дебарското Езеро одлична за капење

Заводот за Јавно здравје во Охрид информираше дека анализите на водата од Дебарското езеро покажуваат дека таа ги исплнува сите критериуми за капење и рекреација. Со оваа официјална информација фактички се демантирани сите шпекулации на локално ниво кои велат дека во делот на плажата во дебарското езеро водата не е исправна .

Раководителката на секторот на Заводот за Јавно здравје – Охрид Лидија Симовска за ,,Либертас,, изјави дека како билошките така и хемиските анализи на водата земена од дебарското езеро на делот на плажите на Дебарското езеро се од прва и втора категорија што значи дека водата е одлична за капење. Таа додава дека оваа лето како никогаш досега сите угостителски објекти кои се покрај плажата на езерото, ги почитуваат утврдените норми така што водата е исправна за капење .

Моментално во Дебарското езеро се разладуваат деновиве голем број на млади меѓу кои и иселеници и печлабари од Дебар и дебарско , кои летните одмори ги минуваат во родниот крај .

Инаку оваа здраствена институција која врши анализи и на водите во општините Дебар и Центар Жупа информира дека сечлските водоводи и понатаму не се хлорираат , а традиционалните чешми во Дебар кои имаат сопствени извори немаат исправна вода и таа не смее да се користи за пиење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e