Повеќе од 50 години овде не е ништо направено. И ние сме жители на Центар, а живееме како на почетокот на минатиот век, вака му се пожалија жителите на дел од Кале на градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.
Најголемото незадоволство и реакција е поради тоа што пијат неквалитетна и нечиста вода од стари водоводни цевки. Најмалите имаат здравствени проблеми поради нечистата вода.
Богдановиќ со својата екипа оствари средба со жителите и им вети дека во вторник, веднаш по Велигденските празници ќе се започне со поставување нова водоводна мрежа а на местата на ископот улиците ќе се асфалтираат.
Сите диво приклучени жители ќе бидат исклучени и регуларно ќе добиваат и плаќаат квалитетна вода.
Ќе се решаваат и случаите за легализација, а надлежните во општината ќе водат повеќе грижа за хигиената.