Жител од с.Конопница заработи кривична: Физички нападнал полициски службеник

Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против А.В.(24) од с.Конопница за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 02.07.2017 година, околу 01,30 часот, на ул. „Св.Јоаким Осоговски“, при интервенција на полициски службеници поради претходно нарушен јавен ред и мир, пријавениот физички нападнал полициски службеник, удирајќи го со тупаници во пределот на градите, информираат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e