На 05.01.2018 година на регионалниот пат с.Градец – Гостивар се случила сообраќајна незгода во која патничко возило „Рено клио“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Д. (21) од с.Дебреше, гостиварско, удрило во бетонска бандера.
Возачот со друго возило бил пренесен во Медицински центар Гостивар, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и поради сериозноста на повредите, со возило на Итна медицинска помош, бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Гостивар.