26-годишен жител на скопското село Грчец вчераутро бил уапсен поради тоа што со нож избодел негов соселанец, соопшти полицијата. По апсењето, насилникот нападнал и полицаец во станицата во Карпош, каде бил приведен.
„На 10.07.2022 во 07.17 часот на ул.„Прашка” во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Карпош го лишиле од слобода Е.И.(26) од с.Грчец, скопско, затоа што со остар предмет му нанел повреда на З.Љ.(37) од с.Грчец. Откако бил спроведен во Полициската станица Карпош тој физички нападнал и полициски службеник“, велат од полицијата.
По целосно документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.