Жител на Арачиново приведен по расправија со полициски службеници

На 05.01.2018 година во 18.00 часот, на крстосницата за влез во с.Липково, кумановско, поради контрола и легитимирање, двајца полицики службеници сопреле патничко возило „Ровер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.С. (39) од с.Арачиново. При контролата полициските службеници утврдиле дека возачот не поседува возачка дозвола и дека возилото не било регистрирано.

Кога му соопштиле дека за овие прекршоци ќе му биде поднесена соодветна пријава, С.С. почнал да ги навредува, да им се заканува и да ги влече за униформите полициските службеници. С.С. бил приведен во Полициското одделение Матејче, а по целосно документирање на настанот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштуваат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e