Жена смртно прегазена на скопската обиколница, возачот избегал

Вчера попладне во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот, 80-годишната Р.И. од Скопје и го напуштило местото, извести МВР.

– Од здобиените повреди на местото на несреќата Р.И. починала, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, додаваат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e