Жена пронадена почината под Железничка станица

Вчеравечер е пронајдено починато женско лице на автобуската постојка под Железничката станица во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во 18:39 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека на автобуската постојка на булеварот „К.Ј.Питу“, има починато женско лице. На терен биле испратени полициски службеници и увидна екипа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e