Земјоделците од Крива Паланка и Ранковце може да ги подигнат картичките за зелена нафта

Од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство – Подрачна единица  Крива Паланка информираат дека картичките за зелена нафта за земјоделците од општина Крива Паланка и Ранковце, се изготвени и пристигнати во Подрачната единица на Министерството во Крива Паланка и истите можат да се подигнат секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

Картички има за сите кои обработуваат земјоделски површини и имаат поднесено (и исплатено) барање за субвенции за 2018 година. Пресметката за одобрен износ е извршена врз основа на барањата од 2018 година.

Картичките се подигаат лично и со себе задолжително е да имате документ за идентификација (лична карта или пасош).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e