Зборот е збор! АКТИВИСТКАТА МАРИА ДУДА СО БЛАГОДАРНОСТ ДО НИКОЛОВСКИ за донацијата на невладината Pink Support од Ранковце

Граѓанската активистка и голем хуманитарец, Мариа Дуда, денеска јавно се заблагодари на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за донацијата на патните трошоци на невладината Pink Support од Ранковце.
322023623_693341305525806_7437081453007028683_n
“Зборот е збор. Министерот Љупчо Николовски ги донираше патните трошоци на невладината Pink Support од Ранковце, а ние ќе ги искористиме дел за количка за Дафина дел за лица со инвалидитет од Општина Ранковце и Крива Паланка да бидат дел од проектите во 2023 наменети за овие лица.
Министерот самоиницијативно предложи на настанот по повод 3 декември организиран во Countryside да ги донира своите трошоци.
Благодариме на довербата и поддршката.
За уште поголеми дела во новата 2023.” – напиша таа на Фејсбук.

Инаку, министерот Николовски, секоја година, сите патни трошоци ги донира во хуманитарни цели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e