Завршени многубројни градежни активности во село Конопница-Крива Паланка, а веќе во тек се уште многу нови инфраструктурни проекти

Општина Крива Паланка заврши со асфалтирање на локалниот пат во село Конопница и тоа од м.в штала до спојот со магистралата А2. Локаниот пат е со должина од 716 метри и ширина на коловозот од 5 метри. На истиот пат се изведени тротоари од двете страни. Изведувач на градежните работи е „Фабрика Карпош“ од Скопје.

Во рамките на своите активности во делот на инфраструктурата асфалтиран е и дел од локалниот пат во с. Конопница на потегот кај црква и м.в. Спас, Изведувач на градежните работи е фирмата „Стоименов“ ДООЕЛ од Кочани.

Покрај завршените инфраструктурни проекти во село Конопница во тек се работни активности за изградба на локален пат во истото село од местото викано Кула(Лиска) до м.в. Стублица, кон спој со А2. Вкупна вредност на оваа градежна инвестиција е 10.034.033 денари, изведувач на работите е ДПУ “Енергоинвест трејд “ од Скопје, а финансиските средства се обезбедени преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Градоначалникот на општина Крива Паланка, заедно со стручните служби од општината направија една теренска обиколка и извршија увид на градежните работи,односно на изградбата на овој локален пат.

Но, во истовреме Мицевски имаше можност да се сретне со мештаните на село Конопница и да поразговара со нив за одредени проблематични точки, а се со цел нивно согледување и решавање во најкраток можен рок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e