Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов денеска извршија увид во реконструкцијата на регионалниот пат Ранковце-Крива Паланка.
-Започнавме со реконструкција на регионалниот пат Ранковце-Крива Паланка, инвестиција од 2,6 милиона евра. Интензивно работиме на релизација на сите капитални инвестиции во железницата, гасификацијата, патиштата, комуналната инфраструктура. – информира Сугарески.