Започна реконструкцијата на локалниот пат од с. Владимирово до регионалниот пат Берово

Со мерките од Програмата за рурален развој наменети за општините ги подобруваме условите за живот во сите општини во државата. – соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанско Трајан Димковски.

Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски и градоначалникот на општина Берово, Звонко Пекевски и министерот Димковски ја посетија локацијата каде што започна реконструкцијата на локалниот пат од с. Владимирово до регионалниот пат Берово-Виница, којшто 23 години не е реконструиран и е во руинирана состојба.

Општина Берово преку Програмата за рурален развој доби финансиска поддршка во износ од близу 13,3 милиони денари и со реконструкцијата на овој локален пат ќе се овозможи транзит на стока, услуги и добра кон селата Владимирово и Русиново, со што ќе се намалат трошоците за превоз на жителите од овој крај, затоа што оваа делница ја користат над 2.000 жители

Реализацијата на капиталните инвестиции од оваа Програма ќе придонесе за севкупен развој на инфраструктурата во Република Северна Македонија, а со ефикасно искористување на овие мерки ќе се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните средини. – велат надлежните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e