Започна изградбата на канализационата мрежа во Бојмискиот реон во Валандово

Започна реализацијата на втората фаза од изградбата на канализационата мрежа во Бојмискиот реон. Оваа фаза, во себе опфаќа инсталирање на секундарна цевководна мрежа во должина од 3285 метри и изградба на 116 канализациони шахти. Предвидениот рок за реализација е 120 денови.
валандово566
-Со завршувањето на втората фаза од изградбата на канализационата мрежа, Бојмискиот реон станува целосно опфатен со примарна и секундарна канализациона мрежа за фекални и отпадни води. Општина Валандово, со оваа капитална инвестиција го решава најголемиот комунален проблеми за граѓаните од овој дел од општината и продолжува да гради еднакви услови за живот, за секого, напиша градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов на својот фејсбук профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e