Започна асфалтирањето на патниот правец село Б’з, Кошари- Калин Камен, информираше градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Во оваа прва фаза ќе се асфалтираат два километри пат, за создавање услови за рурален развој и подобра мобилност на жителите.
Вкупната вредност на зафатот за овој локален пат изнесува 12. 877.980 милиони денари, од кои 9,5 милиони обзбедени преку Биро за регионален развој, а останатиот дел финасии се од општинскиот буџет.
-Сообраќајно поврзување на нашиот планински бисер-работиме на она што е наша цел-подобрување на условите за развој на туризмот на Калин Камен, порача Митовски денеска.