Полициски службеници од ОВР Свети Николе денеска на подрачјето на Полициската станица Свети Николе спровеле контрола со цел спречување на трговија и употреба на пиротехнички средства.
Притоа, кај два правни субјекти во Свети Николе пронајдени и одземени се 3787 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случаите, ќе следат соодветни поднесоци, информираат од МВР.