На 17.05.2021 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско-косовска бригада” настанал пожар во патничко возило „бмв”, со швајцарски национални ознаки, сопственост на С.Р.(33) од Швајцарија. Повредени лица нема.
Само пет минути подоцна било пријавено дека на ул.„Сава Ковачевиќ” настанал пожар во патничко возило „опел корса”, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.А.(30) од Скопје.
Пожарите биле изгаснати од екипа на Бригадата за противпожарна заштита. Повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
ПРЕТХОДНО