Загинатиот рудар од Крива Паланка бил пензиониран

Починатиот рудар 57-годишниот Б.М. од Крива Паланка кој настрада на 27-ми јули годинава при минирање на јама бил пензионер.

-Моите информации велат дека починатиот веќе го искористил правото за пензионирање според измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за кои што синдикатот долго време се бореше и лобираше, што овозможува порано да се пензионриаат рударите од подземна експлоатација. Меѓутоа заради недостаток од квалификувани извршители од неговата област на работа тој бил повторно ангажиран во рудникот, рече = Маре Анчева, Генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството во вестите на Телма.

При минирањето на јамата повредени беа Ј.М. (30) и А.Н. (32).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e