Загина жител на Делогожда, паднал од мопед во селото

На 31.08.2021 во 01.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во село Делогожда, струшко, Г.С.(61) од селото, управувајќи мопед „генерик” со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.

По незгодата возачот бил пренесен во Медицинскиот центар Струга каде од страна на лекар била констатирана смрт.

Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Струга.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e