На 11.12.2021 околу 19,45 часот во Скопје на крстосница од улиците Јустинијан Први и Корџевска комби „форд транзит” што го управувал од Д.С.(42) од Скопје, удрило во пешак С.Б.(81) од Скопје.
С.Б. е пренесена во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде и е укажана лекарска помош, но во 23.00 часот починала како последица од повредите.
По наредба на јавен обвинител телото на починатата ќе биде предадено за обдукција. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.