Загина млад мотоциклист во сообраќајка кај Стојаково

Триесетгодишен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа што се случила вчеравечер на крстосницата на локалниот пат Богданци – село Стојаково.

Според информациите на МВР, несреќата се случила околу 22 и 50 часот, а во неа учествувале мотоцикл „Баотиан 125“ без регистарски ознаки, управуван од Ѓ.В.(30) од село Стојаково и камион „мерцедес актрос“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Б.(42) од Валандово.

На самото место починал возачот на мотоциклот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e