Загина камионџија, камионот паднал во Вардар при ископ кај Неготино

На 21.07.2021 околу 12.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека товарно возило „ман”, со кумановски регистарски ознаки, сопственост на фирма од Куманово, а управувано од П.М.(21) од село Сопот, кавадаречко, додека вршело ископ во водите на реката Вардар, во атар на село Црвени Брегови, паднало во реката.

Притоа, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино.

Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e