Загина 36-годишен камијонџија кај Петровец

Денеска попладне во близина на Петровец се случи сообраќајна несреќа, а од МВР потврдија дека едно лице загинало.

Во 18.48 часот пријавена е сообраќајна незгода во село Дрма, поточно на регионален пат помеѓу селата Идризово и Петровец, каде товарно возило ДАФ со скопски таблички излетало од коловозо, информираат од МВР.

Според овие информации, возачот, Д. Т. (36) од село Ржаничино починал на местото на насреќата.

По наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e