Врз основа на член 50 од Законот за локална самоуправа, член 23 од Статутот на Општина Крива Паланка , чл.51 од Законот за за јавни патишта, чл. 1 од Законот за безбедност на сообракаот на патиштата), Градоначалникот на Општина Крива Паланка, донесе решение за привремена забрана за движње на сите видови на моторни возила, велосипеди и пешаци, по едната коловозна лента на дел од улицата Св. Jоаким Осоговски (од км 0+000 до км 0+070 м) од безбедносни причини, бидејки како последица од обилните врнежи се има појавено одрон/свлечиште кое е потребно да се санира.
Забраната ќе важи се до завршетокот на градежните активности за санација на свлечиштето.
