За секое новороденче во Крива Паланка по 3000 денари и субвенција за купена количка до 3000 денари од општината.
Општина Крива Паланка со Одлука на Совет и оваа година ќе исплаќа по 3 000 денари на секое семејство со новороденче, родено од 01 јануари 2023 година и субвенција за купена количка до 3 000 денари, а чии родители се со адреса на живеење на територијата на општина Крива Паланка како позитивен поттик и стимулација за наталитетот и олеснување на финансиските трошоци околу новороденчето.
Потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче родено во 2023 година на подрачјето на општина Крива Паланка.
I. Во прилог на Барањето треба да се достават следните документи:
Фотокопија од извод од матична книга на родените (за новороденчето);
Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителите, од која се видни податоците за живеалиштето на територија на општина Крива Паланка;
Фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-примател на финансиски надоместок.
II. Потребни документи за аплицирање се наведени во Барањето за доделување на субвенција за купена количка во 2023 година за новороденче запишано со адреса на живеење на територија на Општина Крива Паланка.
Во прилог на Барањето треба да се достават следните документи:
Фотокопија од извод од матична книга на родените (за новороденчето);
Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на родителите, од која се видни податоците за живеалиштето на територија на општина Крива Паланка;
Фотокопија од активна трансакциска сметка на родителот-примател на финансиски надоместок.
Оригинал фискална сметка (за купена количка).
Барање за аплицирање може да се подигне од архивата на Општина Крива Паланка или да се симне од веб-страницата на Општина Крива Паланка на следниов линк:
Забелешка:Врз основа на Член 15 точка 20 од Законот за Административни такси (“Службен весник на Република Македонија”бр. 17/1993, 20/1996, 7/1998, 13/01, 24/03, 19/04, 61/04, 95/05, 7/06, 70/06, 92/07, 88/08, 130/08, 6/10, 145/10, 17/11, 84/12, 192/15 и 23/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 151/21), граѓаните со слаба имотна состојба, корисници на основни и други права според закон за Социјална заштита се ослободени од плаќање на такса за што приложуват Поврда или Решение за остварено право од социјалана заштита.