За една недела во Крива Паланка аплицирани над 1500 вакцини

На вакциналниот пункт во Здравствениот дом Крива Паланка за една недела аплицирани над 1500 вакцини, од кои најголемиот процент, околу деведесет отсто, се прва доза.

-Интересот за вакцинација од нашата општина, како и од соседната, Ранковце, постојано расте. Во период од шест дена, од минатиот понеделник, 16 август, заклучно со денес, имунизација е извршена со вкупно 1507 вакцини, од кои 797 дози Фајзер и 711 Синовак. Со најголем процент од вкупната бројка вакцини извршена е апликација на прва доза кај граѓаните, додека само околу десет отсто е ревакцинација, информира директорот на Здравствениот дом Крива Паланка, Бранко Стаменковски.

Процесот на вакцинација, рече, се одвива интензивно, со просечна вакцинација на околу 250 граѓани дневно.

Ревакцинација на граѓани кои примиле прва доза во странство или останати градови, не се врши во здравствениот дом, туку граѓаните се упатуваат таму каде што примиле прва вакцина.

Стаменковски апелира граѓаните да се имунизираат, а залиха на вакциниод Синофарм, Фајзер и Астра Зенека, има доволно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e