На 24.08.2021 во 09.30 часот било пријавено дека на крстосницата од улицата Самоилова и сервисна улица што ја поврзува со улицата Иљо Војвода во Скопје, автомобил „цитроен Ц5″, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознат возач, удрило во велосипед.
По судирот автомобилот не застанал и го напуштило местото на незгодата. Во сообраќајката тешко е повреден велосипедистот Т.Т.(74), кој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.