Возач од Сарај сакал да поткупи полицајци, им фрлил 1.000 денари

МВР објави дека е поднесена кривична пријава против жител на Општина Сарај за „давање поткуп“, откако на совозачко седиште фрлил 1.000 денари како непристојна понуда за полициските службеници.

Станува збор за пријава против А.С.(50) од село Ласкарци, општина Сарај, кој бил стопиран при сообраќајна контрола.

„На 01.08.2023, откако полициски службеници констатирале сообраќаен прекршок и го известиле дека ќе му биде изготвен прекршочен платен налог, пријавениот извадил и на совозачкото седиште од службеното возило фрлил 1.000 денари за да не го изготват налогот“, пишува во соопштението на полицијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e