Сношти после 22 часот во автобус на ЈСП со број 24 се случил тежок инцидент во кој возачот крвнички претепал патник.
Се започнало со тоа што во автобусот не работела климата и било задушливо. Сега претепаниот патувал заедно со неговата бремена сопруга. Таа го замолила сопругот да го замоли возачот ако може да пушти клима бидејќи внатре не се дишело. Кога сопругот го замолил возачот, токму тој, видно изнервиран станал и започнал кавга со патникот.
Расправијата во едне момент преминала во крвничко тепање на патникот. Сведоците од автобусот велат дека возачот го фатил сопругот за раменици и му ја удирал главата од прозорите. Крв шиштела на сите страни. Исплашената сопруга по телефон ја алармирала полиција.