Вчера попладне, околу 17:00 часот на железнички премин од пругата Велес-Битола кај поранешната фабрика „Киро Ќучук“ во Велес се случила железничка незгода помеѓу патничко возило „БМВ“ со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Е.(48) од с.Долно Јаболчиште и товарен воз, управуван од Д.Н.(53) од с.Лопате, кумановско.
Железничкиот сообраќај на релација Велес-Битола бил во прекин од 17.00 до 19.40 часот. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.