Велешанец завршил во болница, откако автомобилот во кој се возел бил прегазен од воз, информираше МВР.
Според полицијата, несреќата се случила околу 16.30 часот на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка, поточно на патен премин кај село Горно Оризари. Тогаш товарен воз, кој сообраќал на релација Прилеп-Трубарево, удрил во автомобил „цитроен берлинго”, со велешки регистарски ознаки, управувано од Е.П.(46) од Велес.
Во незгодата, возачот Е.П. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Велес.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Велес.