Две вооружени лица извршиле грабеж на патарината „Глумово“, информира МВР.
Рано изутрина во 04:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на наплатната рампа две лица со закана со оружје извршиле разбојништво, при што го одзеле дневниот промет.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.