Вонредни инспекции во прилепската болница по смртта на новороденчето со сепса

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена, кое почина од сепса.

Бебето било родено во болницата во Прилеп, а потоа префрлено на Детската клиника во Скопје, каде што, по една недела, почина.

Случајот го обелодени вчера мајката на бебето на социјалните мрежи. Како што сведочи, нејзиното новорденче најпрвин било третирано од жолтица, а во прилепската болница ѝ рекле дека ќе биде пратено во Скопје и дека таму имале подобри апарати. Дента на хоспитализирање на Детската клиника, раскажа мајката, ѝ кажале дека е инфекција, а по два дена испитувања – дека детето фатило тешка сепса и како такво било донесено од прилепската болница.

Од болницата во Прилеп во текот на вчерашниот ден рекоа дека бебето развило тешкотии со дишењето, медицинските лица му зеле крв за анализа, а поставена била и инфузиона, двојна антибиотска терапија, но по консултација со лекар од Клиниката за детски болести, било транспортирано во Скопје.

Од Детската клиника, пак, вчера посочија дека бебето кај нив било донесено од прилепската болница во исклучително тешка здравствена сосојба. Било примено на одделот за интензивна нега, потоа и интубирано, а му откажале и бубрезите. Од тука додадоа дека, според клиничките и биохемиските параметри, се работи за рана неонатална сепса, што се појавува првите четири дена и најчесто инфекцијата настанува при самото раѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e