Вонредна состојба во Ресен по невремето кое корнеше бандери и носеше кровови

Градоначалникот на Ресен Живко Гошаревски прогласи вонредна состојба во Општина Ресен, поради големото невреме што го зафати преспанскиот регион.

Силниот ветер половина час корнел дрвја, бандери и носел покриви од куќи, што предизвикло материјална штета, но немало поредени лица.

Поради силниот ветер и обилниот дожд, бил отежнат и сообраќајот во регионот, како и снабдувањето со електрична енергија.

Најзагорозени се места Крани и Штрбово како и граничниот премин Маркова Нога.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e