Во Велес започна реконструкцијата на старата водоводна линија на улица ,,8. Март” што е дел од Проектот финансиран од Европска Инвестициона Банка, а се реализира преку Министерството за транспорт и врски.
Дел од овој проект се и водоводните и канализационите линии на десетина други улици.
„Исклучителен проект за Велешани. Реконструкција на водоводни и канализациони мрежи на преку десет улици во градот, инвестиција од преку 620 илјади евра. Капиталните проекти за подобрување на животот на граѓаните се примарна задача на сите нас, оваа година ќе посветиме уште поголемо внимание во изградба и реконструкција на улици, водоводи канализации и други проекти за подобрување на урбаното живеење“, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески при увидот на градежните активности во Велес.
